• четврток, 26 декември 2024

Пригодна свеченост по повод Денот на победата над фашизмот во Делчево

Пригодна свеченост по повод Денот на победата над фашизмот во Делчево

Делчево, 9 мај 2024 (МИА) - По повод 79 години од победата над фашизмот и 73 години од Денот на Европа, во Делчево денеска се одржа пригодна свеченост. Пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев" подготвија пригоден реферат за НОБ во Македонија и победата над фашизмот, како и реферат за 9 Мај, Денот на Европа.

Во рамките на одбележувањето, пред споменикот на паднатите борци се поклонија и цвеќе положија делегација од Општина Делчево, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.

-На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваше 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи, беше кажано во пригодниот говор на КУД ,,Гоце Делчев".

Пијанец во Втората светска војна во борбата против фашизмот дало 150 жртви. Во нивна чест во центарот на Делчево е подигнат монументален споменик на кој се испишани нивните имиња, како и пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме она што сме, не смрт без слобода, не без Македонија". 

Во склоп на програмата за чествување на овие два значајни настани со почеток од 12.00 часот во салата Спомен-дом АСНОМ се одржа младински квиз на тема „Младите низ институциите на ЕУ" на кок учествуваа  ученици од Ученичката заедница од СОУ „М.М.Брицо". вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан