Привршува уредувањето на просторот околу Спомен-костурницата од НОВ кај Велес
- Градежните активности за партерно уредување на Спомен-костурницата од Народноослободителната војна кај Велес се во финална фаза, информирмира градоначалникот на Велес Марко Колев.
Велес, 22 ноември 2024 (МИА) - Градежните активности за партерно уредување на Спомен-костурницата од Народноослободителната војна кај Велес се во финална фаза, информирмира градоначалникот на Велес Марко Колев.
Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
-Со завршувањето на овој проект велешани и сите посетители ќе имаат уште едно модерно уредено катче за одмор и релаксација. Просторот околу Спомен-костурницата го добива својот нов лик, потенцира градоначалникот Колев.
Спомен-костурницата од НОВ е место каде почиваат стотина загинати борци во текот на НОВ од Велес и Велешко, меѓу нив и поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Таа е репрезент на градот и култно место за граѓаните на Велес, најпосетувано место од домашни и странски туристи. Место каде се прават многу културни манифестации, меѓу кои и Рациновите средби и се снимаат музички спотови и се прават перформанси.
Неговата околина е и омилено место за одмор и рекреација на жителите од овој дел на Велес и сите велешани, посебно во долгите топли денови. ад/мд/
Фото: Општина Велес