Привршува реконструкција на улицата „212“ во Гостивар
- Проектот за реконструкција на сообраќајница во должина од околу 400 метри која опфаќа и поправка на тротоарите. Со завршувањето на работите, во овој дел на градот ќе има побезбеден сообраќај.
Гостивар, 12 март 2026 (МИА) – Реконструкцијата на улицата „212“ е во завршна фаза и се поставува асфалтен слој на коловозот, рече градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани по увидот на работите во населбата Малеарди.
Тој посочи дека станува збор за проектот на реконструкција на сообраќајница во должина од околу 400 метри која опфаќа и поправка на тротоарите. Со завршувањето на работите, во овој дел на градот ќе има побезбеден сообраќај.
- Се работи по најдобри стандарди и се користи нова метода со поставување на мрежа „геогрид“, со што трајноста ќе биде подолга. Вака уредена, многу ќе помогне за овој дел од градот во населбата Малеарди, но исто така и ќе го растовари сообраќајот по булеварот „Браќа Ѓиноски“ кој води од влезот на градот, рече Лимани.
Вредноста на овој зафат е околу 11 милиони денари.
Градоначалникот најави дека деновиве ќе продолжи и реконструкцијата на булеварот кој е една најдолгите и најзначајните сообраќајници во Гостивар, која започна минатата есен.
- На последната средба со претставници на операторот беше договорено работите да почнат оваа недела, но заради објективни причини се одложи за наредната, рече градоначалникот Лимани.згм/вј/
Фото: МИА