• четврток, 26 декември 2024

Привршува изградбата на кружниот тек кај „Митев мост“ во Куманово

Привршува изградбата на кружниот тек кај „Митев мост“ во Куманово
Куманово, 12 август 2022 (МИА) - Завршува изградбата на кружниот тек кај локалитетот „Митев мост“ во Куманово, информираа денеска надлежните. Претходно, заврши асфалтирањето на кружниот тек помеѓу булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска ударна бригада“.
-Во завршна фаза е проектот за изградба на кружен тек и паркинг простор на спојот помеѓу двата најголеми булевари во Куманово, го решаваме деценискиот сообраќаен проблем на овој потег. Следува уредување на тротоарите со бекатон, поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, осветлување, како и хортикултурно уредување на околните зелени површини, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Од општинскиот буџет за изградбата на овој кружен тек одвоени се 35 милиони 868.459.85 денари со вклучен данок на додадена вредност, а на тендерот избран е најповолниот изведувач, струмичката фирма, „Жикол“. Тендерот заврши лани во август. Во меѓувреме се гради и кружниот тек кај Серава, помеѓу булеварот „Трета МУБ“, улиците „Гоце Делчев“ и „Бајрам Шабани“. За оваа инвестиција Куманово одвои 14 милиони 997 илјади 800 денари со вклучен ДДВ за реализација на проектот, а го гради кумановската компанија „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“. Кумановци, пак реагираат дека поради изградбата на двата кружни тека во Куманово на булеварите се оптоварува сообраќајниот метеж на двете фреквентни локации, и се грижат за безбедноста на пешаците. Претходно, Општина Куманово го изгради кружниот тек на влезот од Куманово за кој одови 20 милиони денари. Општината најави и изградба на кружен тек во близина на автобуската станица. ам/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан