• понеделник, 06 јануари 2025

Привршуваат подготовките за Бадниковата поворка во Струга

Привршуваат подготовките за Бадниковата поворка во Струга

Струга, 4 јануари 2025 (МИА) - Околу 600 деца и годинава ќе учестуваат на Бадниковата поворка што в понеделник ќе се одржи низ струшките улици, информира денеска за МИА Лидија Николовска од организацискиот одбор.

Последната проба, додаде, ќе биде утре во црквата „Свети Ѓорѓи“, од каде е предвидено тргнување на поворката за Бадник.

-Да се собереме сите и да тргнеме низ струшките улици. Поворката ќе тргне од дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“, ќе се движи низ централното градско подрачје, преку Мостот на поезијата, по кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршискиот мост и Чаршијата и назад во црковниот двор. Тука ќе се служат топли напитоци и Бадникова закуска, а за најмладите ќе бидат поделени пакетчиња, појасни Николовска.

Апелира за достоинствено однесување на учесниците во поворката, а родителите да се движат позади, затоа што симболиката е најмладите да го навестат Христовото раѓање.

-Мојата желба е на Бадник сите да излезат од своите домови, да учесвтуваат во поворката и да дојдат во црквата. Да биде најторжествено. Да ечи градот од детските грла со песната „Вечниот Бог“, вели Николовска. 

Најмладите стружани веќе се подготвени за торжествено одбележување на големиот христијански празник Бадник со што ќе го најават Христовото раѓање.

Покрај во Струга Бадникови поворки ќе се одржат и во селата Враништа, Драслајца и Радожда. сс/вг/

Фото Бадникови поворки Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан