• петок, 27 декември 2024

Приведен 61-годишник од Македонски Брод по претрес во неговиот дом

Приведен 61-годишник од Македонски Брод по претрес во неговиот дом

Скопје, 6 август 2023 (МИА) - Шеесет и едногодишно лице од Македонски Брод е лишено од слобода по претрес во неговиот дом, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод утрово во 07.20 часот го лишиле од слобода М.З., на возраст од 61 година. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Зброевка брно“ калибар 22 мм, рамка со 32 куршуми и еден пиштол со рамка со 51 куршуми калибар 7.65мм, се појаснува во соопштението на МВР.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/дма/

Фото: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан