• недела, 06 октомври 2024

Приведен 42-годишен кавадарчанец за физички напад врз сопругата 

Приведен 42-годишен кавадарчанец за физички напад врз сопругата 

Кавадарци, 20 септември 2024 (МИА) - Четириесет и двегодишен кавадарчанец бил лишен од слобода поради физички напад врз неговата сопруга, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода П.П., затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, појаснуваат од СВР - Велес.

По документирање на настанот, како што додаваат од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Оттаму информираат и дека синоќа во 21.50 часот во ОВР - Кавадарци, Д.Г., 66-годишен кавадарчанец, пријавил дека на булеварот „Моша Пијаде“ во градот,  бил каснат од куче скитник. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан