• сабота, 06 декември 2025

Приведен 40-годишен маж од Росоман, со стаклен предмет го нападнал татка си

Приведен 40-годишен маж од Росоман, со стаклен предмет го нападнал татка си

Кавадарци, 16 мај 2025 (МИА) - Во Тиквешијата синоќа бил приведен 40-годишен маж, бидејќи го нападнал татко му со стаклен предмет.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес, синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Ц.Б., на возраст од 40 години од кавадаречко.

Тие постапиле по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, кој пријавил  дека во неговиот дом во село во општина Росоман, по кратка расправија, го нападнал со стаклен предмет. 

-Ц.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР - Велес. свд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан