• сабота, 23 ноември 2024

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на тик-ток

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на тик-ток

Тетово, 2 јануари 2021 (МИА) - Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток.  МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност работеше за откривање на идентитетот на лицето.

-Како резултат на тоа, денеска (02.01.2021) во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле  од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основи на сомнение дека на социјалната мрежа Тик-Ток  објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица. Тој е приведен во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информираше Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Полицијата ќе биде поднесен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи", предвидено и казниво по  член 396 од Кривичниот законик.

-При тоа, за настанот е информиран и Центарот за социјална работа кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност. МВР ќе продолжи и понатаму посветено да работи и да ја става безбедноста на граѓаните на прво место, информира порпаролот. ас/ац/

Остани поврзан