• четврток, 26 декември 2024

Приведен 18 годишник од Штип кој во Гостивар украл паричник од помало девојче

Приведен 18 годишник од Штип кој во Гостивар украл паричник од помало девојче

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 18 -одишниот Н.А. од Штип, кој се сомничи дека украл паричник од девојче.

- На 30.05.2023 околу 17.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот Н.А. од Штип, со живеалиште во Радовиш, велат од МВР.

Оттаму информираат дека тој се сомничи дека околу 13.45 часот во парк на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар одзел паричник од малолетничка од Гостивар. 

По целосно документирање на случајот на Н.А. ќе му биде изготвен поднесок. сх/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан