• четврток, 26 декември 2024

Приведен штипјанец по распишана централна потерница

Приведен штипјанец по распишана централна потерница
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Во скопската населба Ќерамидница денеска во 11.55 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Е.А. (19) од Штип. За него била распишана централна потерница по наредба од Затвор Струмица, каде издржувал казна затвор за сторено кривично дело „одземање на мотроно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Како што информираа од МВР, дополнително за него се води постапка во Основен Суд Штип поради сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236. Е.А. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа. цр/сп/

Остани поврзан