• сабота, 28 декември 2024

Приведен турски државјанин на ГП „Делчево" за приложување на туѓа патна исправа

Приведен турски државјанин на ГП „Делчево
Делчево, 15 октомври 2021 (МИА) - Државјанин на Турција е приведен на Граничниот премин Делчево, поради поседувањето туѓа патна исправа.
- Лицето Б.Ф.(55) е приведено на 14.10.2021 во 17:30 часот на Граничен премин Делчево. Полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ф, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил туѓа патна исправа, од лице кое е негов роднина, информираат од МВР.
По констатирањето на прекршокот, 55-годишниот Турчин е приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. вс/фф/

Остани поврзан