• сабота, 23 ноември 2024

Приведен тетовец, кој бил осуден на казна затвор од шест години

Приведен тетовец, кој бил осуден на казна затвор од шест години

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Полицијата утрово, во 1:10 часот, на улица „107“ во Тетово го лишила од слобода Е.Б.(31) од тетовското село Слатино.

Како што информира МВР, тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела „тешка кражба“, „разбојништво“, „уцена“, „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“ и „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

Е.Б. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата.

- Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа затвор Идризово за доиздржување на две години и шест месеци од казната, се вели во соопштението. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан