• понеделник, 02 септември 2024

Приведен српски државјанин, во неговото возило пронајдени седум мигранти од Сирија

Приведен српски државјанин, во неговото возило пронајдени седум мигранти од Сирија

Скопје, 23 октомври 2023 (МИА) - На наплатна станица Смоквица денеска лишен е од слобода М.С.(28) од Република Србија. При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се  седум лица мигранти од Сирија.

Како што соопшти МВР,  М.С. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител и по негово  комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лицето било лишено од слобода од патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ. мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан