• недела, 28 јули 2024

Приведен скопјанец за поседување на наркотици

Приведен скопјанец за поседување на наркотици

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера, во 06.45 часот, на подрачјето на  Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Скопје поради поседување на дрога.

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во домот на осомничениот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. сан/мд/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан