• сабота, 23 ноември 2024

Приведен скопјанец баран со централна потерница за издржување казна затвор од три години

Приведен скопјанец баран со централна потерница за издржување казна затвор од три години
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 11.50 часот на кејот на Вардар во скопската населба Момин Поток , го лишија од  од слобода скопјанецот Т.С. (76). Како што појаснија од МВР, тој бил баран со централна потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела „измама“ по член 247 и „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/сп/

Остани поврзан