• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен разбојник од Штип за издржување казна затвор од три години

Приведен разбојник од Штип за издржување казна затвор од три години
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - На местото викано „Елките“ во Штип денеска во 03:45 часот полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(27) од Штип. Од МВР денеска соопштија дека тој бил баран со централна потерница по наредба на Основниот суд Штип за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“. Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено - поправна установа за издржување на казната. цр/бак/    

Остани поврзан