• среда, 25 декември 2024

Приведен разбојник, од вработен на бензинска пумпа одзел пари и мобилен

Приведен разбојник, од вработен на бензинска пумпа одзел пари и мобилен

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - На подрачјето на Чаир денеска во 05.20 часот  полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон.

МВР соопшти дека со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот СВР Скопје - ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан