Приведен неготинец по пријава за напад врз 19-годишната партнерка
- Полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 27-годишен неготинец синоќа во 21:10 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 19-годишна невенчана сопруга.
Неготино, 16 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 27-годишен неготинец синоќа во 21:10 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 19-годишна невенчана сопруга, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи - Неготино, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес. свд/сст/
Фото: МИА архива