• вторник, 24 декември 2024

Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца

Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Во тетовски Пирок вчера во 13:45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х.(30) од Пирок поради сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ предвидено во член 156 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

При контролата во неговиот мобилен телефон, соопштија денеска од МВР, било констатирано  дека користел веб страница за онлајн игри на среќа за која имал административни права за креирање на други корисници.

- Исто така, пронајдена е листа со играчи кои биле активни, како и баланс на ставен кредит, со баланс сума и достапни кредити, како и пораки на средства за комуникација со барања за надополнување на кредити на платформата. Мобилниот телефон му бил одземен, а тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

Во исто време, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и Државен инспекторат за труд, извршиле контрола и во спортската обложувалница во село Пирок, во која работел, а е сопственост на Е.Ш и И.Ш., двајцата од Тетово. При контролата биле констатирани неправилности во работењето на обложувалницата, за што ќе бидат преземени соодветни мерки од надлежните институции. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан