Приведен маж баран со потерница
- Едно лице од село Горно Јаболчиште вчера е приведен, кој бил баран со меѓународна потерница за идржување затворска казна од пет години, соопшти МВР.
Скопје, 6 ноември 2020 (МИА) - Едно лице од село Горно Јаболчиште вчера е приведен, кој бил баран со меѓународна потерница за идржување затворска казна од пет години, соопшти МВР.
- Вчера колу 17 часот од страна на Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага во атарот на с.Горно Јаболчиште општина Чашка, лишен од слобода е Ф.Д. (31) од с.Горно Јаболчиште, кој се барал по распишана централна и меѓународна потерница од Основен суд Велес за сторено кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.1 в.в.чл.19 и „Предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово, посочуваат од МВР.
При преглед кај лицето и возилото што го управувал пронајдена е прашкаста материја и марихуана.фф/са/