• среда, 30 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен кумановец - возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Приведен кумановец - возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Полициски службеници вчер попладне ги привеле Д.А.(31), откако на ул.„Теофан Економов“ во Куманово со возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, соопшти МВР.

По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан