• четврток, 26 декември 2024

Приведен криумчар од Србија, во неговото возило пронајдени 10 мигранти

Приведен криумчар од Србија, во неговото возило пронајдени 10 мигранти

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) - Дваесет и деветгодишен србин, кој превезувал мигранити од Сирија, вчера е приведен од полицијата во атарот на село Прдејци.

-Вчера околу 12:30 часот во атар на село Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Л.Д.(29) од Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци - Прдејци во патничко моторно возило „ауди А6“ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија, информираат денеска од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан