• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криумчар на мигранти

Приведен криумчар на мигранти

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од ПС за граничен надзор Сопот при РЦГР Север синоќа околу 23 часот го лишиле од слобода Ф.А.(21) од Тирана, Р.Албанија поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено по член 418-б од КЗ на РСМ.

МВР денеска соопшти дека околу 23 часот на место викано „Костурник“, кумановско, полициските службеници забележале патничко возило „ауди А3“ со косовски национални ознаки, управувано од пријавениот, во кое имало мигранти.

- Од страна на полициските службеници бил даден знак возилото да застане, но тоа продолжило со движење во правец на место викано „Езера“-с.Речица, по што излетало од патот. Ф.А. е лишен од слобода, а пронајден е и еден мигрант С.Р.(29) од Непал, а се преземаат мерки за пронаоѓање на другите лица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се појаснув во соопштението од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан