• недела, 28 јули 2024

Приведен криумчар во Дебар, превезувал пет мигранти

Приведен криумчар во Дебар, превезувал пет мигранти
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Дебар вчера околу 13.30 часот во Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ. (58) од Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Т.Ѓ. е проведен затоа што во приколка од товарно возило кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти: А.Ш.(25) и М.Х. (38) од Сирија, Е.Т. (24) и И.И. (27)  од Пакистан и М.Д. (20) од Авганистан. - Т.Ѓ. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитен центар „Табановце“ за натамошна постапка, информира МВР. хс/сп/

Остани поврзан