• среда, 27 ноември 2024

Приведен криминалец од струмичко осуден на три години и шест месеци казна затвор

Приведен криминалец од струмичко осуден на три години и шест месеци казна затвор

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица вчера, во 23:40 часот, во струмичкото село Ангелци го привеле Д.П.(22), осуден на три години и шест месеци казна затвор, информираат од МВР.

Дваесет и две годишниот Д.П.(22) од селото Ангелци бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната. ир/цр/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан