• четврток, 26 декември 2024

Приведен криминалец - македонски државјанин во Хамбург баран со потерници, осуден на 17 години затвор

Приведен криминалец - македонски државјанин во Хамбург баран со потерници, осуден на 17 години затвор
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР вчера во Хамбург го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години. -Како што информира МВР, К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.  Оваа акција, велат од Министерството, е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција. сст/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан