• четврток, 26 декември 2024

Приведен криминалец кој запалил возило во Глумово

Приведен криминалец кој запалил возило во Глумово
Скопје, 21 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на Граничниот премин „Долно Блаце“ синоќа го лишиле од слобода Б.М. (25) од Скопје, кој во мај годинава во село Глумово запалил возило во сопственост на С.С., соопшти Министерството за Внатрешни работи. - На 20.08.2022 на Граничен премин “Долно Блаце“, по претходно распишан централен распис од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода Б.М. (25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ на РСМ, се вели во соопштението на МВР. Според МВР, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје утврдиле дека Б.М. на 12.05.2022 во село Глумово запалил патничко моторно возило „бмв“, сопственост на С.С.. Оттаму информираат дека ЕНК при СВР Скопје во координација со Јавен обвинител имаат поднесено кривична пријава по член 288 од КЗ на РСМ по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред Судија на предходна постапка и одредена му била мерка куќен притвор во траење од 30 дена. сх/нд/ Фото: МИА архива 

Остани поврзан