• среда, 18 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - МВР соопшти дека денеска во 10:05 часот на територија на општина Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К. (23) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од две години.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. мч/бак/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан