• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за 20 години затвор

Приведен криминалец баран со потерница за 20 години затвор
Скопје, 8 јули 2021 (МИА) - Полиција вечерва околу 19 часот го лиши од слобода А.А. (37) од село Мојанци, Скопско. Како што соопшти МВР, за А.А. била распишана потерница на Основен Кривичен суд - Скопје за убиство поради што требало да издржува казна затвор од 20 години. А.А. ќе биде предаден на казнено-поправна установа. мд/дма/

Остани поврзан