• четврток, 19 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за трииполгодишна казна затвор

Приведен криминалец баран со потерница за трииполгодишна казна затвор
Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Полициски службеници днеска во Битола го привеле П.Д.(36) по кого била распишана потерница од битолскиот Основен суд.
 
Тој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци во Казнено поправна установа Затвор Битола. Лицето е предадено на казнено поправната установа за издржување на казната, соопшти МВР.
 

Остани поврзан