• четврток, 26 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за издржување двегодишна затворска казна

Приведен криминалец баран со потерница за издржување двегодишна затворска казна
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Во населбата Автокоманда во Скопје денеска во 13.05 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(39) од Тетово, со живеалиште во Скопје. Од МВР информираа дека тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/дма/

Остани поврзан