• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за доиздржување затворска казна

Приведен криминалец баран со потерница за доиздржување затворска казна

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - Тетовската полиција синоќа околу 22 часот и 50 минути на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово го привела 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран за доиздржување затворска казна. 

-К.М бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. сст/дма/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан