• среда, 18 декември 2024

Приведен криминалец баран со меѓународна потерница

Приведен криминалец баран со меѓународна потерница

Скопје, 3 август 2024 (МИА) - На граничниот премин Богородица при излез од Северна Македонија, денеска околу 13.00 часот, од страна на полициски службеници од слобода е лишен Е.А.(44) од Република Косово.

Како што соопшти МВР, Е.А. бил баран со меѓународна потерница од Интерпол, Тирана - Албанија за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога“.

Лицето е задржано за понатамошна постапка, додава МВР. нд/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан