• четврток, 19 декември 2024

Приведен крадец од Желино

Приведен крадец од Желино

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Полицијата утрово во 1:55 часот во спортска обложувалница во Тетово го лишила од слобода С.Н.(32) од Ново Село, општина Желино.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, С.Н. бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан