• понеделник, 23 декември 2024

Приведен крадец од велешко, одземеното вратено на сопственичката

Приведен крадец од велешко, одземеното вратено на сопственичката

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) - Приведен 37-годишен жител од велешкото село Оморани, кој на К.П. и ја украл чантата. По приведувањето, одземеното и било вратено на сопственичката.

МВР информира дека вчера, во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради сомнение дека од објект на улица „Благој Ѓорев“ во Велес одзел женска чанта, сопственост на К.П., во која имало пари, лични документи и предмети.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/са/

 

Фото: Скриншот

Остани поврзан