• понеделник, 29 јули 2024

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопствениците 

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопствениците 

Скопје, 29 јули 2023 (МИА) - По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром, соопштија денеска од МВР.

- Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците. При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. цр/бак

Фото:МИА

Остани поврзан