Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел
- При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за кои постои сомнение дека ги одзел во фирмата во која работи.

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија синоќа го привеле Т.Н.(42) од с.Живојно поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за кои постои сомнение дека ги одзел во фирмата во која работи.
Возилото и тубите биле одземени, а лицето било предадено во СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.са/
Фото: МИА архива