• недела, 24 ноември 2024

Приведен крадец, баран по распишана централна потерница

Приведен крадец, баран по распишана централна потерница

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска, во 9.10 часот, на улица „Ѓорѓи Пенков“ во Скопје го лишиле од слобода С.Л.(37) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на двегодишна казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. мд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан