• четврток, 26 декември 2024

Приведен косовски државјанин поради нудење поткуп

Приведен косовски државјанин поради нудење поткуп

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - На граничен премин Долно Блаце, денеска околу 10 часот полициски службеници го лишиле од слобода С.Х.(55) од Косово.

Тој управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп.

За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка. сст/дма/

фото МИА архива 

 

 

 

 

 

     

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан