• вторник, 24 декември 2024

Приведен измамник од Скопје, осуден на казна затвор од четири години и два месеца 

Приведен измамник од Скопје, осуден на казна затвор од четири години и два месеца 
Скопје, 4 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 13.30 часот на бул.„Мајка Тереза“, го лишиле од слобода А.Н.(68) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница за доиздржување затворска казна од една година и седум месеци во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, за сторено крвично дело по член 247 од Кривичниот законик, за што бил осуден на казна од 4 години и два месеца. Како што информираа од МВР, лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. цр/

Остани поврзан