• четврток, 26 декември 2024

Приведен дилер од Охрид

Приведен дилер од Охрид

Скопје, 20 август 2023 (МИА) - СВР Охрид вчера во 22.50 часот го лишила од слобода А.П.(23) од охридското село Куратица.

Како што информира МВР, при претрес извршен со судска наредба во куќа во Охрид каде што тој престојувал, полициските службеници пронашле и одзеле бела грутчеста материја, најлонски пакувања  со траги од бела прашкаста материја и пари.

-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан