• недела, 28 јули 2024

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Приведен дилер на дрога од Гевгелија
Скопје, 21 јули 2021 (МИА) - Полициски службеници вчера привеле лице од Гевгелија, откако при пртрес на неговиот дом се пронајдени и одземени одредена количина дрога и оружје, соопшти денеска МВР. - Од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија лишен од слобода е Ј.Н.(44) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Имено, по претходно обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и засадени растенија канабис сатива. Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фф/лв/ Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан