• сабота, 23 ноември 2024

Приведен дилер на дрога, запленети кокаин и марихуана, изготвена кривична пријава

Приведен дилер на дрога, запленети кокаин и марихуана, изготвена кривична пријава
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе кривична пријава против  Р.В. (50) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл. 215 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Имено вчера околу 08:00 часот на паркинг во Струмица  кај Р.В. во патничко возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, при извршен преглед во пластична кутија пронајдени се 17 пакувања со кокаин, како и поголем износ на парични средства. Истиот ден, по добиена наредба на судија на претходна постапка при Основен суд во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија претрес во неговиот дом во с.Добрејци, при што се пронајдени 12 стебла cannabis sativa, околу 4 кг марихуана и шишиња со течна материја, пиштол „застава М88“, рамка со 6 куршуми калибар 9мм, се посочува во соопштението од МВР. Р.В. е лишен од слобода и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица. фф/дма/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан