• недела, 24 ноември 2024

Приведен дилер на дрога, баран со централна потерница

Приведен дилер на дрога, баран со централна потерница

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Во Скопје денеска околу 13.10 часот на ул.„16. Македонска бригада“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ј.(32) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка. цр/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан