• недела, 01 септември 2024

Приведен дилер на амфетамин во Скопје

Приведен дилер на амфетамин во Скопје
Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) - Полицијата денеска приведе едно лице бидејќи при претрес во неговиот дом пронашла едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин и   марихуана, како и сад со синтетичка дрога амфетамин и вага со остатоци од амфетамин. - Во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, денеска бил извршен претрес на ул. „Љуба Петровиќ“ кај Ж. Ј. (39) во Скопје, соопшти МВР. Ж.Ј. е лишен од слобода и спроведен во полициската станица Гази Баба и против него ќе биде поднесена кривична пријава. мс/бак/

Остани поврзан