• четврток, 26 декември 2024

Приведен дилер за издржување едногодишна казна затвор

Приведен дилер за издржување едногодишна казна затвор

Скопје, 3 март 2024 (МИА) - Во гостиварско Врапчиште синоќа околу 19.30 часот  полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициско одделение Галате го привеле 23-годишниот Ф.А. од Врапчиште, соопштија денеска од МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори", казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан