• четврток, 26 декември 2024

Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници

Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници

Дебар 19 март 2024 (МИА) - Полициски службеници во Дебар привеле жител на градот поради агресивно однесување кон нив, а дополнително кај него пронашле и ладно оружје.

-Денеска во 01:10 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар го приведоа Ј.К.(35) од Дебар кој, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен нож, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека по документирање на случајот, против Ј.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова е прв случај годинава на агресивно однесување кон полициските службеници. Минатата година регистрирани сè повеќе случаи на агресивно однесување или физички напад врз полициски службеници при вршење службени дејствија. вт/сст/

 

Фото: МИА

Остани поврзан