• четврток, 26 декември 2024

Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар поради примање поткуп

Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар поради примање поткуп

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола денеска на патот меѓу село Света и село Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, осомничен за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп".

МВР денеска информира дека Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.

- Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој денеска му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава, појаснуваат од МВР. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан