• среда, 25 декември 2024

Приведен вработен во хрватското МНР кој криел девет мигранти во куќа во Загреб

Приведен вработен во хрватското МНР кој криел девет мигранти во куќа во Загреб

Загреб, 2 јануари 2024 (МИА) - Службеник во хрватското Министерство за надворешни работи денеска е приведен бидејќи со двајца Индијци криеле девет мигранти во семејна куќа во областа Медвешчак во Загреб, јави РТЛ.

Четворица мигранти од Бангладеш и пет од Пакистан се обиделе да и побегнат на полицијата, но брзо биле приведени, а сите потоа побарале азил.Еден државјанин на Индија е во бегство.

„Хрватскиот државјанин ја изнајмил својата куќа на второосомничениот. Тој ја опремил куќата со душеци и им носел храна на луѓето кои биле таму. Станува збор за договор меѓу тројца мажи со цел личен интерес. Тие го овозможиле влезот, движење и престој на странски државјани на територијата на Хрватска“, изјави Марија Гоати, портпаролка на полициската управа во Загреб. зш/

Остани поврзан